[ФОТО] Ова е првиот твит напишан само со мислите: Човек со мозочниот чип на Илон Маск има порака за милијардерот

Точка

25/03/2024

20:45

10.390

Големина на фонт

а а а

Претходно „Neuralink“ во живо го емитуваше ажурирањето кое го прикажа пациентот како игра видеоигра и онлајн шах користејќи ги само своите мисли.

Ноланд Арбо е првиот пациент на „Neuralink“ во светот, а тој влезе во историјата така што објави твит на социјалната мрежа „X“ и тоа „само размислувајќи“.

Господин Арбо, 29-годишниот квадриплегичар, стана првата личност која напиша твит користејќи ги само своите мисли и тоа со помошна имплантот на „Neuralink“.

„Твитер ме забрани затоа што мислеа дека сум бот, а @X и @elonmusk ме вратија поради тоа што сум“, напишал Арбо.

Илон Маск реагирал на твитот на господин Арбо, прославувајќи го како првата објава направена само со размислување, користејќи уред на „Neuralink Telepathy“.

Претходно компанијата во живо го емитуваше ажурирањето кое го прикажа господин Арбо како игра видеоигра и онлајн шах, користејќи го својот ум.

Во стримот во живо, Арбо го сменил курсорот на компјутерот без употреба на било каков физички алат. Објаснил дека тоа едноставно го замислува, курсорот да се поместува таму каде што сака да оди и тоа го прави.

„Се откажав од играњето на таа игра“, изјавил тој мислејќи на „Civilization VI“, па додал: Сите ми дадовте можност тоа повторно да го правам и играв осум часа по ред“.

Арбо изјавил дека се здобил со повреда на ’рбетниот столб во несреќа при нуркање пред осум години. Тој работел како советник во летен камп за деца кога во 2016 година ја доживеал несреќата. Исто така изјавил дека бил пуштен од болница еден ден после процедурата со „Neuralink“ во јануари која поминала како што треба.

Тој додал дека треба да се поработи само на усовршување на технологијата.

Инаку, имплантот на компанијата на Маск им овозможува на пациентите да ги користат своите мисли за контрола на компјутерот. Маск додал дека компанијата ќе почне со работа со пациенти кои имаат сериозни физички ограничувања како што се оштетување на ’рбетниот столб или квадриплегија.

Целта на компанијата е да ги поврзе човековите мозоци со компјутерите за да помогне во решавање на сложените невролошки состојби.




Спонзорирани линкови

Маркетинг