[ФОТО] Ѓоковиќ возел „ѕвер“ во Белград: Колку вреди автомобилот зад чиј волан се најде тенискиот ас?

Супермен

26/03/2024

21:35

27.344

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, престојува во Белград каде веќе наголемо почнал да се подготвува за продолжението на тениската сезона.

Српскиот ас се возел низ главниот град и пристигнал на тренинг на Кошутњак во спектакуларен „Land Rover Defender“ автомобил.

Новак го возел овој автомобил којшто е вреден околу 150000 евра.

Погледнете ги ексклузивните фотографии кои ги објави српски „Курир“:





Инаку, Ѓоковиќ во наредните неколку денови повторно ќе го смени местото на престојување затоа што го очекува заминување во Монте Карло каде ќе ги има завршните подготовки за сезоната.

Главниот турнир за 2024 година за Новак ќе бидат Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз, а кои ќе се одиграат на терените на Ролан Гарос.

Апсолутниот фокус на Ѓоковиќ во продолжение на сезоната ќе биде токму тоа да е што подобар и да се прикаже во вистинско светло на тамошните терени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk