„iPhone“ конечно добива опција која „Android“ телефоните ја имаат веќе 15 години

Точка

27/03/2024

21:30

13.995

Големина на фонт

а а а

„Apple“ во текот на минатите неколку години воведе значајни промени во својот оперативен систем, најмногу во изгледот на заклучениот и почетниот екран.

Требало да поминат години и години додека „Apple“ да овозможи виџети кои носат повеќе информации за апликациите на почетниот екран, додека на заклучениот екран се може да се прикажат многу повеќе корисни информации, а тоа што е најважно е дека „Apple“ на корисниците им дал поголема контрола над тој приказ.

Со новата верзија на својот мобилен оперативен систем, чие официјално претставување го очекуваме на почеток на јуни оваа година, „Apple“ би требало да направи уште еден чекор напред во овозможувањето на персонализацијата на почетниот екран.


Корисниците на „iPhone“ исто така би требало да добијат една опција која, нагласуваат од „ZDNet“, „Android“ телефоните ја имаат веќе 15 години. Моментално, кога ги поставувате апликациите или виџетите на почетниот екран на „iPhone“, тие го заземаат цел екран и на него нема празен простор. Ако избришете некоја апликација од екранот, тоа место ќе го пополни следната апликација која се наоѓа на следниот екран.

На „Android“ телефоните корисниците можат да одберат колку апликации или виџети ќе имаат на екраните, односно како ќе уредат почетниот екран. Значи, можат целиот почетен екран да го исполнат со виџети или апликации или можат да ги остават само оние најважните.


Со „iOS 18“ и корисниците на „Apple“ конечно би требало да ја добијат таа можност. Значи, кога оваа верзија ќе биде достапна, корисниците на „iPhone“ на своите екрани конечно ќе можат да остават празни места. Иако тоа не е некоја револуционерна промена, нема сомнеж дека многу корисници ќе ја поздрават.

Информациите за новите опции на „iOS“ ги објави познатиот аналитичар Марк Гурман од „Bloomberg“, а интересно е дека тој тврди дека на оваа надградба на софтвер во „Apple“ гледаат како на една од најголемите, ако не и најголема надградба на оперативниот систем во историјата на компанијата. Покрај споменатата поголема персонализација на екранот, новата верзија на оперативниот систем би требало да донесе и поголема имплементација на вештачката интелигенција на телефоните на „Apple“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг