Фејсбук можеби го „користел“ вашиот телефон, а да не сте знаеле: Документите откриваат нов скандал на Закерберг

Точка

27/03/2024

19:12

8.449

Големина на фонт

а а а

Неодамна отпечатените судски документи покажуваат дека Фејсбук ги следел активностите на корисниците на Снепчет, Јутјуб и Амазон во рамките на „Проект истерувач на духови“.

Новиот сет незапечатени документи кои ги објавил федералниот суд во Калифорнија, открил дека Фејсбук пребарувал по активностите на корисниците на Снепчет, Јутјуб и Амазон.

Со коден назив „Проект истерувач на духови“, компанијата во сопственост на Марк Закерберг го пресретнала и дешифрирала мрежниот сообраќај на луѓето кои користеле Снепчет.


Документите кои се дел од групната тужба меѓу потрошувачите и Мета, покажуваат дека компанијата го анализирала мрежниот сообраќај на корисниците кои биле во интеракција со конкурентите на Фејсбук.

За да го заобиколи минатото шифрирање кое го користеле услугите како што е Снепчет, Фејсбук развил посебна технологија да види што корисниците прават на другите платформи.

Во интерната е-порака од 9 јуни 2016 година, извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, рекол:

„Кога некој ќе поставеше прашање за Снепчет, одговорот вообичаено беше „да“ затоа што нивниот сообраќај е шифриран, немаме аналитика за нив. Со оглед на тоа колку брзо растат, се чини дека важно е да се најде нов начин да добиете точна аналитика за нив. Можеби треба да направиме панели или да напишеме приспособен софтвер. Треба да смислиме како да го направиме тоа“.

Откако Закерберг испратил е-порака, програмерите во компанијата предложиле користење Онаво, услуги налик на ВПН кои Фејсбук ги купил во 2013 година. Еден месец подоцна, тимот којшто работел на Онаво дошол до решение кое вклучувало инсталирање „комплет“ на Андроид и iOS уредите.


Во друга е-порака, Фејсбук рекол дека техниката која во основа е напад на човекот во средина (читај:корисник), ни овозможува да прочитаме што вообичаено било шифриран сообраќај кога би можеле да ја мериме употребата на апликацијата.

Според судските документи, Фејсбук подоцна ја проширил програмата за „ѕиркање“ на Јутјуб и Амазон.

Единицата на Мета, Онаво, не е нова во контроверзумот. Тимот има историја на користење на различни техники за собирање податоци од корисниците.

Откако го откупиле Онаво од израелска фирма, Мета користела и услуги за шпионирање на своите конкуренти преку милионите луѓе кои ја користеле апликацијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг