[ФОТО] Ретко појавување на Клинт Иствуд во јавноста: Еве како изгледа актерската легенда, а од едно нешто не се откажува

Супермен

12/04/2024

20:00

9.361

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на неговиот 94-ти роденден, легендарниот актер и режисер Клинт Иствуд се појавил на настан во Калифорнија.

Клинт Иствуд бил забележан на настан чиј домаќин била конзерваторката д-р Џејн Гудал, а ова е ретко јавно појавување на филмската легенда по подолго време.

На 93-годишна возраст, Клинт Иствуд пристигнал на настанот во сина карирана фланелна кошула, сиви панталони и патики. Ексклузивни фотографии од актерот и режисер објави Дејли Мејл. Во својата 10-та деценија од животот, човекот кој е заштитно лице на седмата уметност на Холивуд не се откажува.


Иствуд, кој на 31-ви мај ќе наполни 94 години, има успешна филмска кариера. И покрај неговите поодминати години, тој останува активен во седмата уметност и моментално го режира и продуцира претстојниот филм „Juror No. 2“, со Николас Холт и Тони Колет во главните улоги.


Трилерот започна со снимање во јуни 2023 година и се очекува да биде последниот филм на Клинт.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk