Терзиќ по големата победа на Дортмунд: Одлучувачки се…

Дерби

17/04/2024

15:04

1.164

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд се избори за полуфинале во Лигата на шампионите и тоа откако го надигра Атлетико Мадрид на реваншот на „Сигнал Идуна Парк“.

„Милионерите“ славеа со 4-2 и со вкупни 5-4 обезбедија билет за наредната фаза во која за ривал ќе ги имаат Пари Сен Жермен кој во двомечот од оваа фаза беше подобар од шпанска Барселона.

- Јас сум исклучително среќен. На ова ниво, малите детали се одлучувачки. Тие детали ги имавме на наша страна во четвртфиналето во ЛШ. Успеавме да постигнеме пет гола на два меча против квалитетен тим како Атлетико, - рече тренерот Един Терзиќ кој го искоментира соочувањето со „светците“ со кои Дортмунд веќе играше во групната фаза.

- Оваа сезона веќе двапати игравме со ПСЖ. Воопшто не ни се допадна првиот натпревар во Париз. Вториот натпревар во Дортмунд беше сосема поинаков. Сега сме многу подобар тим од септември, па и од декември, - заклучи предводникот на бундеслигашот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг