Важеше за голем холивудски заводник и миленик на жените, но на последните фотографии изгледа непрепознатливо

Супермен

17/04/2024

19:39

6.301

Големина на фонт

а а а

Легендарниот холивудски актер Мики Рурк по долго време е виден во јавноста и тоа на прошетка со својот долгогодишен пријател и фризер Џузепе Франко во Беверли Хилс.

Рурк го привлече вниманието на минувачите и папараците со својот интересен стајлинг, но и со изгледот на лицето.

Актерот носел долго карирано палто, широки фармерки и сива маичка, а комбинацијата ја надополнил со бел каубојски шешир.


Но, она што прво на сите им паднало во очи е лицето на актерот, преполно со траги од прекумерните естетски операции и корекции на кои тој бил подложен во последните години.

Некогаш згодниот актер беше миленик на многу жени кои сè уште го паметат по еротската драма „9½ Weeks“, во која играше со Ким Бесинџер и сними неколку секси сцени, а во раните 90-ти глумеше во акциониот хит „Harley Davidson and the Marlboro Man“ со Дон Џонсон и Том Сајзмор.


Но, во 1991 година, Рурк одеднаш реши професионално да се занимава со бокс, кој аматерски го тренирал како тинејџер. За време на неговата боксерска кариера, тој претрпе многу повреди, вклучително и скршен нос, скршени прсти и ребра, расцепен јазик и отечени образи.

Поради сите повреди на лицето, тој мораше да направи пластична операција во која му била извршена реконструкција, а хирурзите ја нарекоа неговата состојба „многу унаказена“.


Во меѓувреме Рурк се врати во актерскиот свет, но наместо неговите улоги и вештини, во преден план беше неговиот изглед.

Откако го поправи лицето поради повредите од боксот, тој стана зависен од операции и ботокс со кои сакаше да постигне младешки изглед, но за жал потоа често шокираше со своите трансформации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk