[ФОТО] Полицијата уапсила двајца наводни напаѓачи на соработникот на Алексеј Навални

Точка

19/04/2024

17:08

2.077

Големина на фонт

а а а

Двајца луѓе се приведени во Полска под сомнеж дека станува збор за напаѓачите на Леонид Волков, близок соработник на починатиот Алексеј Навални, изјавил литванскиот претседател Гитанас Науседа.

Волков претрпел удар со чекан во нападот на 12 март во близина на својот дом во Вилнус, престолнината на Литванија.

Од претходно ѝ бил познат на полицијата

Литванските разузнавачки служби тогаш објавиле дека тој напад е дел на руските специјални служби. Кремљ одбил да ги коментира литванските наводи. Науседа изјавил дека осомничените ќе бидат преместени во Литванија.

Двајцата осомничени од претходно ѝ биле познати на полската полиција и отпатувале во Литванија за да извршат напад, изјавил Бригинас.

Главниот обвинител во Вилнус, Јустас Лауциус изјавил дека не знае дали уапсените се поврзани со полскиот државјанин којшто бил уапсен во четвртокот под сомнеж дека планирал соработка со руските странски разузнавачки служби заради можен обид за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Ѝ благодарам на Полска на добро завршената работа. Разговарав за тоа со претседателот Дуда. Им благодарам и на нашите служби за почетната, најважна и темелна работа“, изјавил Науседа.

Соработникот на Навални за нападот го обвинил Путин

Волков за нападот го обвинил претседателот Владимир Путин, а пред нападот признал дека челниците на движењето на Навални во егзил стравуваат за своите животи.

Денеска на социјалната мрежа „X“ ѝ се заблагодарил на литванската полиција што „одлучно и истрајно“ работела на неговиот случај и додал дека „одвај чека да ги слушне деталите“.

Инаку, Навални во февруари почина во затворот како последица на природна смрт, тврдат руските власти. Неговите симпатизери тврдат дека токму властите се тие кои го убиле.

Волков, освен по политичките ангажмани познат е и како научник. Тој дипломирал математика, а докторирал компјутерски науки. Како младо момче бил капетан на рускиот тим од Урал на 10 Меѓународно натпреварување на млади физичари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг