[ВИДЕО] Го киднапирале внукот на најбогатиот човек на светот, а скржавиот дедо не сакал да го плати откупот: Дел од телото им испратиле по пошта, а поради траумата завршил во инвалидска количка

Точка

19/04/2024

20:13

5.468

Големина на фонт

а а а

Еден од најдискутираните случаи на 20 век е оној од 10 јули 1973 година, кога Џон Пол Гети III, внукот на еден од најбогатите луѓе на светот бил киднапиран од италијански мафијаши во Рим, додека одмарал на плоштадот Фарензе во Рим.

Семејството Гети е едно од најбогатите на сите времиња. Имале слава и богатство, но и бројни трагедии поради кои за нив неретко се зборувало како „проколната фамилија“.


Организаторите на злосторството биле членови на озлогласената „Ндрангета“, калабриска организација поврзана со мафијата. Тоа не бил прв случај „Ндрангета“ да киднапира луѓе за откуп, но во овој случај тие очекувале огромен профит.

Станувало збор за тоа дека киднапираниот 16-годишник всушност бил внук на Џон Пол Гети, главата на едно од најбогатите семејства во тоа време и основач на „Getty Oil Company“. Киднаперите барале откуп од 17 милиони долари. Тоа била значителна сума на пари, особено во тие денови, но не и недостижна за дедото на Гети III кој бил милијардер.

Во времето на киднапирањето, тинејџерот работел како сликар во Рим. Свесни за богатството на неговото семејство, медиумите го нарекувале „Златниот Хипик“.


Тинејџерот купувал стрип кога тројца мажи го удриле со пиштол во глава и го киднапирале.

Го однеле во една пештера на југот на земјата и го повикале неговото семејство, од кое побарале 17 милиони долари. Гети најпрво мислел дека тинејџерот сака со измама да земе пари за себе.

Богатиот дедо одбил да ја плати бараната сума, а својата одлука ја оправдал со тоа дека има уште 14 внуци, а доколку на киднаперите им плати барем и една паричка, ќе има 14 киднапирани внуци. Мафијашите по неколку месеци одлучиле да докажат дека се сериозни во своите намери.

На момчето му го отсекле увото и прамен од косата кои како доказ ги испратиле до локалниот весник. Тие напишале и порака во која порачале дека семејството има 10 дена да плати или во спротивно Гети III ќе го „добијат“ на парчиња.


Неговата мајка Гејл по пегите го препознала увото на својот син. Меѓутоа, Стариот Џон и натаму не сакал да плати откуп, по што Гејл започнала да ги моли другите да го направат тоа.

Откако богатиот дедо одлучил да го плати откупот, сумата била намалена на 2,7 милиони долари.

Парите требало да ги достави правниот менаџер на Гети, Флечер Чејс. На 12 декември, мажот ги однел парите на однапред договорената локација, но момчето било ослободено само неколку дена подоцна. Мафијашите пет месеци го држеле во заложништво внукот на овој скржав милионер.

Откако бил платен откупот, момчето било ослободено и оставено на бензинската пумпа во Италија на 15 декември 1973 година. По ослободувањето на момчето, полицијата уапсила 9 членови на „Ндрангета“, криминалната група која го држела Гети III. Сепак, никој од водачите на злогласната група не бил фатен.


Во 1974 година се оженил со Германката Гисела Мартин Закер, која била во петтиот месец од бременоста. На 18 години станал татко. Го добил синот Балтазар, кој подоцна станал актер.

Од сопругата се развел во 1993 година. Глумел во неколку европски филмови.

Несреќниот внук никогаш не закрепнал од траумата и завршил како наркоман. Во 1981 година, кога имал само 25 години, доживеал мозочен удар поради предозирање и останал слеп, неподвижен и нем.


Останал врзан за инвалидска количка и починал во 2011 година на 55-годишна возраст, откако неговите витални органи престанале да работат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг