„Срам да ви биде, лажговци едни“! Српскиот претседател Вучиќ: Денеска навршуват 11 години брутални невистини, терор и лаги

Точка

19/04/2024

20:02

6.098

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, по воените вежби на полигонот на "Пештер" изјавил дека денеска навршуваат 11 години од усвојувањето на Бриселскиот договор, но и невистини, терор и лаги.

„Денеска е 11-тата годишнина од усвојувањето на Бриселскиот договор, 11 години во кои Србија се развиваше и напредуваше побрзо од другите, но и 11 години невистини и терор кои ни ги спроведуваа, 11 години секојдневни бесмислици, измислување на причини и барање на вина, 11 години неисполнување на тоа што го потпишаа, Брисел, ЕУ. Да кажат 11 месеци, па и недели, не е малку. 11 години брутални лаги. После тие 11 години се поставува прашањето каква доверба можеме да имаме и да градиме. Вчера, нема кој не реагираше поради тоа што велат дека се задржани 4 автобуси, задржани се две или три лица и сите се ослободени. Срам да ви е на сите заедно, 10 месеци, 300 дена трае блокадата на секоја стока која од централна Србија треба да дојде на КиМ“, рекол Вучиќ и потсетил на молчењето кога станува збор за блокадата на српската стока и малтретирањето на Србите во Косово.

„Го претепуваат Стефановиќ во Зубин Поток, ниедно соопштение не дадовте, го апсат ранетиот Софрониевиќ, Душан Обреновиќ го држите во притвор, не смеете да го пуштите порано бидејќи е толку претепан и ниедно соопштение...Потоа велите проблемот е страшен, едниот бил припадник на таканаречената војска на Косово и постоел сомнже дека извршил некое злосторство, вториот го задржаа 24 часа и тоа беше најголем проблем на светот. Со тоа лицемерие, одвратен пристап кон една слободарска земја каква што е Србија, на тоа ќе мора да се навикнеме и тоа очигледно нема да се промени. Наше е да се зајакнуваме и нашата земја економски да напредува и расте. Да се грижиме за EXPO и сите проекти и секогаш да ја зајакнуваме нашата армија, да бидеме доволно силни и да можеме да се браниме“, изјавил Вучиќ.


Потесетуваме, претседателот на Србија денеска присуствувал на привремениот полигон "Пештер" на здружената тактичка вежба со боево гаѓање на Војската на Србија "Вихор 2024".

На вежбата учествувале копнени и воздухопловни компоненти на српската војска и специјалните сили, а според бројноста ова е една од најголемите вежби кои Србија ги извела.

По вежбите претседателот на Србија се огласил на својот официјален профил на Инстаграм и честитал за успешно изведената вежба.

„Сакам да и честитам на нашата војска на успешно изведената вежба. Тоа што го видовме денеске показател на тоа колку Србија напредуваше во последните 10 години, колку е успешна и колку вложуваше во својата војска. Задоволен сум со вкупната подготвеност на нашата војска, но ќе мораме уште многу да работиме, да купуваме, да поправаме и повеќе да се потпираме на нашата наменска индустрија. Наше е да зајакнуваме, економски да напредуваме и да растеме, да се грижиме за сите инфраструктурни проекти и да ја зајакнеме армијата, за да можеме да ја заштитиме Србија, која сакаат да ја урнат од сите страни“, напишал Вучиќ на својот профил на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг