Таа била инспирација за ликот на Роуз од „Титаник“, а никогаш не го гледала филмот: И нејзината љубов била забранета и до смртта жалела по неа

Точка

20/04/2024

18:22

4.568

Големина на фонт

а а а

Бродот Титаник потона во северниот дел на Атлантскиот океан на 15 април 1912 година, после удар во санта мраз во текот на своето прво патување од Саутемптон во Англија до Њујорк во САД.

Филмскиот режисер Џејмс Камерон направи филм инспириран од овој трагичен настан, а она што филмот го направило за сите времиња е измислената љубовна приказна меѓу Џек и Роуз.

Меѓутоа, малкумина знаат дека Роуз која ја глуми Кејт Винслет во филмот, делумно е создадена врз основа на реална личност.

Ликот на Роуз Девит Бјукетр во филмот „Титаник“ бил инспириран од Беатрис Вуд.

Беатрис е родена во 1893 година, а починала во 1998 година, била американска уметница и керамичарка.

Таа била и еден од уредниците на магазините „The Blind Man“ и „Rongweong“ во Њујорк. Студирала уметност во Париз, а подоцна се занимавала со скулптура и грнчарство.

Камерон ја прочитал нејзината биографија, па нашол инспирација за креирање на главниот женски лик во својот култен филм.

Баш како и Роуз, Беатрис потекнувала од богато, традиционално американско семејство и двете биле жени пред своето време. Уметноста на Беатрис била контроверзна за нејзиното доба, а Роуз од „Титаник“ исто така се занимавала со уметност.


Љубовен живот

Патувала често низ Европа и ја обиколила цела Северна Америка. Во однос на Роуз, била попредадена на уметноста која во голема мера го одбележала нејзиниот живот.

Роуз од филмот „Титаник“ имала една голема љубов, Џек Досон, додека Беатрис сакала повеќе мажи и многумина ѝ го скршиле срцето. Ниту еден од тие мажи не бил како Џек.

Меѓутоа, Беатрис се заљубила во индиски научник, но знаела дека неговите конзервативни родители никогаш нема да го одобрат тој избор. Сепак, двапати се враќала во Индија да го зграпчи моментот со него.


Откако последен пат ја напуштила Индија во 1972 година, добила телеграм од него, а до крајот на животот знаела да го спомне.

Иако била инспирација за ликот на Роуз Вуд, не сакала да се зборува за неа. Една година пред смртта дала интервју за „Firstpost“, но повеќе била заинтересирана за разговор за времето кое го поминала во Индија и за своите успеси од тоа патување.

Според нејзините зборови, таа никогаш не го гледала „Титаник“ иако режисерот Камерон ѝ доставил копија од тоа остварување.




Спонзорирани линкови

Маркетинг