Има 6,6 милијарди долари, но нема наследник: Наскоро ќе наполни 90 години, неговото царство е главна тема, а еве што ќе биде по неговата смрт

Супермен

23/04/2024

10:40

30.579

Големина на фонт

а а а

Џорџо Армани, основач и сопственик на истоимениот италијански бренд, наскоро ќе го прослави својот 90-ти роденден. Магазинот „Bloomberg“ открива што ќе се случи со брендот по неговото заминување, бидејќи модниот дизајнер никогаш немал деца.

Веќе некое време, царството на Армани е главна тема во светот на високата мода, а Џорџо со години се спротивставуваше на преземањето од страна на друг конгломерат за да го одржи својот бренд независен.


„Во моментов не предвидувам преземање од страна на голем луксузен конгломерат. Но, како што реков, не сакам ништо да исклучувам а приори бидејќи тоа би било „непретприемничка“ постапка“, рече тој.

Армани, кој го контролира речиси целиот „Giorgio Armani SpA“, има нето вредност од 6,6 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Bloomberg“. Неговата империја, како и „Salvatore Ferragamo SpA“, „Prada SpA“, „Moncler SpA“ и „Ermenegildo Zegna NV“ се некои од ретките модни брендови кои останаа независни и во семејна сопственост.


Повеќето луксузни модни брендови ги купи Французинот Бернар Арно, најбогатиот човек на светот. Како контролен акционер на „LVMH“, тој го стекна своето огромно богатство со обединување на околу 75 брендови, како што се „Fendi“, „Bulgari“ и други.

„Кога станува збор за наследството, мислам дека најдобро решение би била група од луѓе од доверба кои ми се блиски и кои ги избрав“, вели Армани, укажувајќи на раководството на фондацијата на неговата компанија, особено на Лео Дел'Орко.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk