Детаљ во култниот филм привлече внимание на социјалните мрежи по 14 години: „Поради ова е уште подобар“

Точка

23/04/2024

12:45

3.287

Големина на фонт

а а а

Уште еден од филмовите на Леонардо ди Каприо, „Shutter Island“, повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Во филмот од 2010 година, Ди Каприо повторно се обедини со легендарниот режисер Мартин Скорсезе, со кого претходно работеше на „The Aviator“, „The Wolf of Wall Street“ и „Gangs of New York“. Двојката се здружи со Марк Рафало и Бен Кингсли, а во филмот Ди Каприо глуми американски маршал испратен на оддалечен остров за да го истражи исчезнувањето на пациент. Или барем така се чини. Оние кои го гледале филмот знаат што се случува, но филмските фанатици и ден-денес забележуваат нови работи во култното остварување.

Еден детаљ го привлече вниманието на социјалната мрежа „Х“.

„Во 'Shutter Island', секој пат кога Леонардо пуши цигара во филмот, некој друг му ги пали цигарите. Тоа покажува дека тој бил пациент затоа што психичките болни не смеат да имаат кибрит“, се вели во објавата, а многу корисници останале изненадени од тоа откритие.

„Тоа е неверојатна количина на внимание посветено на детали и го прави филмот уште подобар“, напишал еден корисник. „За мене е веројатно еден од најнеочекуваните заплети што сум ги гледал на филм“, додал друг.

„Овој филм ја има една од најголемите вредности за повторно гледање“, напишал трет.

Филмот им се допаѓа на обожавателите и „заработи“ 77 отсто од публиката на „Rotten Tomatoes“. Сепак, филмот не му е омилен на Скорсезе, како што откри во интервју за „GQ“. Режисерот објасни дека „Shutter Island“ настанал откако неговиот филм „The Departed“ од 2006 година му донесе Оскар за најдобра режија.

Победата го охрабрила Скорсезе да сними уште еден филм, а тоа беше „Shutter Island“, но тоа според него не било најпаметен потег.

„Испадна дека веројатно требаше директно да почнам да работам на 'Silence'“, рече тој, мислејќи на филмот што го сними во 2016 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг