Златен часовник од Титаник продаден за рекордни 1,2 милиони фунти, му припаѓал на најбогатиот патник на бродот

Супермен

29/04/2024

13:27

6.491

Големина на фонт

а а а

Златен џебен часовник пронајден на телото на најбогатиот човек на Титаник е продаден на американски колекционер за рекордна цена од 1,2 милиони фунти.

Часовникот е продаден на приватен колекционер во САД на аукција во аукциската куќа „Henry Aldridge & Son“ во Девизес, Вилтшир, за највисока цена досега за некој предмет од потонатиот Титаник, пренесува „Hina“.


Претходно рекордната цена ја држеше виолина од познатиот брод, која достигна цена од 1,1 милион фунти и беше продадена од страна на истата аукциска куќа во 2013 година.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја одвел својата сопруга Медлин до чамецот за спасување.

Наместо да се обиде да се спаси во друг чамец, беспрекорно облечениот Астор, кој бил истакнат член на богатото семејство Астор, последен пат бил виден како пуши цигара и разговара со сопатник.


Неговото тело било извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна и бил пронајден неговиот скап џебен часовник „Waltham“ од 14-каратно злато со врежани иницијали ЈЈА.

Водителот на аукцијата Ендрју Олдриџ изјавил дека Астор бил познат како најбогатиот патник на Титаник и се сметало дека бил меѓу најбогатите луѓе во светот во тоа време, со нето вредност од приближно 87 милиони американски долари - што е еквивалент на неколку милијарди долари денес.

„Цените постигнати за предметите од Титаник се апсолутно неверојатни“, вели Олдриџ.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk