Купувачите ќе можат да изберат меѓу конфигурација со шест или седум седишта, со индивидуални седишта и луксуз дури и во задниот ред.
По неколкугодишно отсуство, "Cadillac" официјално се врати на европскиот пазар.
По електричниот модел "Lyriq", сега пристигнува "Vistiq" – луксузен електричен "SUV" долг 5,22 метри, наменет пред сè за купувачи во Швајцарија, Шведска, Германија и Франција.
"Vistiq" нуди типичен американски луксуз: кожни седишта, клима-уред со пет зони, аудиосистем со 23 звучници и огромен закривен екран од 33 инчи, како и "head-up" дисплеј.
Купувачите можат да изберат меѓу шестосед или седмосед, со индивидуални седишта и високо ниво на удобност и во третиот ред.
Багажникот нуди капацитет до 889 литри, а меѓуосовинското растојание од 3,1 метар овозможува максимален простор и удобност.
Двата електромотори испорачуваат вкупно 615 коњски сили и 880 Nm вртежен момент, а "SUV"-то, тешко речиси 2,9 тони, забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,7 секунди.
Со батерија од 91 kWh, автономијата изнесува околу 460 километри, додека брзото полнење од 190 kW овозможува дополнителни 160 километри за само 15 минути.
Комфорот го подобрува и адаптивното воздушно потпирање, а управувањето со задните тркала овозможува радиус на вртење од само 12,1 метар.
Во Германија, основниот модел "Luxury" стартува од 99.640 евра, додека верзијата "Premium Luxury" чини од 110.503 евра. Првите испораки се очекуваат во септември.