Флорентино: Ни се случи најлошото во фудбалот, но се издигнавме и сега сме шампиони!

Дерби

12/05/2024

13:13

1.804

Големина на фонт

а а а

Играчите на Реал Мадрид денеска имаа прием во градското собрание во Мадрид по повод 36-та освоена титула во Ла Лига, па јасно е дека Карло Анчелоти и неговите фудбалери се најдобри амбасадори на градот Мадрид во последно време.

Покрај освоената титула во Ла Лига, Реал ќе игра и во големото финале во Лигата на шампионите каде ќе го брка 15-от европски трофеј, ситуација која никој не можеше да ја замисли на стартот на сезоната.

Тешките повреди на клучни играчи како Куртоа, Милитао и Алаба се чинеше дека ќе бидат непоправлива штета за тимот на Анчелоти, но Италијанецот успеа да изменаџира со останатите играчи и тоа посебно го радува Флорентино Перез.

При своето обраќање од градското собрание, првиот човек на Реал не пропуштил да ги нагласи сите успеси на клубот во 122-годишната историја, но и потешкотиите со кои се справи тимот оваа сезона.

– Сакам да и се заблагодарам на претседателката на собранието за овој убав пречек. Тука сме со 36-та титула во Ла Лига и мора да кажам дека истата е посебна. Победивме со вредностите кои се симбол за овој клуб. Го покажавме сето она што го остваривме во нашата 122-годишна историја. Победивме со понизност, респект, солдарност и со чиста игра.

– Моравме да надминеме многу потешкотии оваа сезона, се издигнавме откако ни се случи најлошото во фудбалот, а тоа се повредите. Денеска тука се Милитао, Куртоа и Алаба, тие се пример за тоа како се надминуваат тешки ситуации. Овој тим ја надмина ситуацијата која изгледаше непоправлива и затоа сум посебно горд. Немој да се сомневате дека овие играчи ќе направат се за да се вратат од Лондон со 15-та титула во Лигата на шампионите, – порача Перез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг