[ФОТО] Згоден, успешен, рака под рака со Ева Лонгорија: Кој е маркантниот Србин којшто го маѓепса Кан годинава

Супермен

27/05/2024

13:15

16.557

Големина на фонт

а а а

На маргините на 77 Филмски фестивал во Кан била приредена свеченост и прослава од хуманитарен карактер.

Убавата актерка Ева Лонгорија (49) угостила голем дел од холивудското друштво на забавата „Global Gala Gift“.

Гламурозната Латиноамериканка Ева Лонгорија со секое ново појавување на црвениот тепих предизвикува овации и позитивни критики кај најпрестижните експерти во текот на 77 Фестивал на филмот во Кан.

Некогашната „Очајна домаќинка“ угостила голем дел од славните личности на забавата „Global Gala Gift“ и во таа улога покажала дека е сѐ освен очајна.


Во оваа прилика Лонгорија одлучила да носи смела креација, со извезeни украси кои се спуштаат по проѕирната ткаенина.

Изгледот го надополнила со дијамантски прстен и алка, светкави обетки и соодветни сребрени сандали.

Меѓутоа, она што покрај беспрекорниот изглед на Ева било забележано, бил и непознатиот маркантен маж којшто рамо до рамо со неа се појавил на црвениот тепих. Станува збор за популарниот, наградуван, естетски хирург, доктор Ненад Јосиповиќ, попознат како д-р Леонард.

Овој отмен Србин бил прв избор на многу од холивудските ѕвезди кога станува збор за естетските зафати. Покрај тоа што е извонреден во својата работа, д-р Леонард е познат и како голем хуманитарец и филантроп поради што на спомнатата гала-вечер добил признание за свој придонес во организацијата која се занимава со собирање помош за загрозените семејства, жените и децата.

Ненад наградата ја примил облечен во класично одело со елегантен крој.

Д-р Леонард се занимава со естетска, реконструктивна и пластична хирургија во клиника во Дармштат, а до 2018 година работел во Франкфурт во Германија каде ја завршил својата специјализација.

Исто така тој е консултант во фармацевтската компанија „Јуведерм“, позната по произведување на хијалуронски и ботокс филери.

Младиот хирург има предавања и тренинзи ширум светот, а многу од дамите својот изглед го препуштаат во неговите раце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk