[ФОТО] Заносната манекенка има тело на божица и обожува да позира разголена: На новата фотографија ги прекрила градите само со косата и ги распламтила социјалните мрежи

Супермен

06/06/2024

16:56

17.004

Големина на фонт

а а а

Роузи Хантингтон Вајтли (37) од Британија често на социјалните мрежи објавува фотографии кои сите ги оставаат без здив, а последната предизвикала бура на интернетот.

Таа позирала топлес, долгата руса коса ѝ ги прекривала градите, додека на главата имала марама. Роузи Хантингтон Вајтли на една од фотографиите носела и бела маичка без ракави и макси здолниште, но голотијата била она што го привлекло вниманието на луѓето.


„Зошто таа е секогаш гола?“, се запрашале неколку луѓе во коментарите под провокативните фотографии на познатата манекенка, додека други едноставно одговориле дека „сака да е гола“.

Роуз неодамна ги воодушевила обожавателите и со фотографиите кои ги направила за време на посетата на големиот „Кански филмски фестивал“.


Позирала гола лежејќи на креветот, а во заднина се наѕирал нејзиниот задник.


Инаку, Роузи е во брак со актерот Џејсон Статам, 20 години постар од неа, а нивната врска датира од 2009 година.


Таа тогаш имала 22 години и била многу позната во светот на манекенството, а за разлика од многу други славни парови, тие внимателно ја криеле својата врска. Меѓутоа, во 2016 година, папараците го фотографирале вереничкиот прстен на нејзината рака. Истата година, Роузи се појавила на црвениот тепих со труднички стомак, а веќе следната го родила синот Џек Оскар Статам. Парот пред 2 години добиле и девојче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk