[ВИДЕО] Навивач на Шкотска пред стотици навивачи ја извел култната сцена од легендарниот филм со Мел Гибсон

Точка

15/06/2024

16:39

3.282

Големина на фонт

а а а

Двесте илјади Шкоти пристигнаа неделава на Европското првенство каде нивната репрезентација се натпреварува во групата А за да ѝ дадат огромна поддршка во ова натпреварување.

Шкотска синоќа на отворањето на шампионатот беше поразена од Германија со убедливи 5:1, што секако донекаде им го расипа расположението на навивачите кои од Островот отпатуваа за Германија.

Одличното расположение на навивачите на Шкотска пред натпреварот најдобро го опишува видеото кое се појави на социјалните мрежи, а на кое може да се види како навивач на Шкотска во метрото пресоздава сцена од легендарниот филм „Braveheart“ на Мел Гибсон, во која Гибсон исто така ја игра главната улога на шкотскиот херој Вилијам Волас .

„Бегај и ќе живееш - барем за некое време. И умирајќи во своите кревети за многу години од сега, дали би биле подготвени да ги замените сите денови од овој до тој другиот за една шанса, само една шанса, да се вратите овде и да им кажете на нашите непријатели дека можат да ни ги одземат животите, но тие никогаш нема да ни ја одземат слободата!“, е оригиналниот текст од говорот на ликот на Вилијам Волас во култниот филм.

Токму овој текст на Волас (Гибсон) го кажува овој навивач на Шкотска, а снимката ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.

Филмот „Braveheart“ е снимен во 1995 година и ја раскажува приказната за Вилијам Волас, шкотски воин од XIII век кој, спротивставувајќи се на англискиот крал Едвард I, се бори за независност на Шкотска.

Потсетуваме, Шкотска синоќа одигра катастрофално блед натпревар против Германија и беше тешко поразена со 5:1, а во следното коло ќе игра против Швајцарија. Тој натпревар е закажан за в среда од 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг