Синер по новиот триумф: Сега со уште поголема самодоверба одам на Вимблдон

Дерби

24/06/2024

14:22

284

Големина на фонт

а а а

Првиот светски тениски рекет, Јаник Синер успеа да слави на турнирот во Хале на кој во финалето го надигра Хуберт Хуркач со 7:6 (10:8), 7:6 (7:2).

Синер губеше по еден сет на првите два натпревари, но во завршницата во полуфиналетот и финалето одигра перфектно и дојде до пехарот кој дефинитивно му значи.

-Овој триумф многу ќе ми ја зголеми самодовербата. Освојувањето на првата титула на трева е многу посебно и ми дава голема верба во себе. Знаев дека ако сакам да победам, морам да бидам максимално концентриран во секој момент и да го давам максимумот во сите клучни поени, -порача Синер и додаде:

-Одам на Вимблдон со желба да се натпреварувам. Знам дека тревата таму е малку поинаква од овде, но претходно успеав да играм добро таму. Сега со уште поголема самодоверба одам во Лондон, -подвлече Италијанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг