Шпанците размислуваат само за победа: Многу работи се во прашање…

Дерби

24/06/2024

14:23

1.029

Големина на фонт

а а а

Шпанија веќе обезбеди билет за осминафиналната фаза на Европското првенство и мирно може да го одигра денешниот меч од третото коло против Албанија, но „црвената фурија“ нема намера да се опушти и сака максимално со девет бода да ја заврши оваа фаза од шампионатот.

Селекторот Луис Де Ла Фуенте најави дека ќе настапат со силен тим кој ќе мора да го испорача тоа што ќе се договорот.

-Нема да го сфатиме лесно овој натпревар. Ќе излеземе со најконкурентниот тим. Имам целосна доверба во сите 26 играчи. Многу работи се во прашање: престиж, признание, продолжување на напредокот… На натпреварот ќе му пристапиме како и претходниот, со планот за игра кој мислиме дека е најдобар, размислувајќи само за победа.

-Имаме играчи кои можат да играат на повеќе позиции, ова ни дава разноврсност и не прави непредвидливи. Имаме уште долг пат да одиме. Ова е нова генерација, но ние сме оптимисти и самоуверени, -рече стратегот кој запрашан за зборовите на колегата Силвињо кој посочи дека Шпанија и со вториот состав може да игра финале на ЕП, тој одговори:

-Цврсто стоиме на земја. Добро ја познаваме Албанија, имаат фантастични навивачи, знаеме дека ќе биде тешко, -подвлече шпанскиот селектор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг