[ФОТО] Нејзе ѝ успеа да заведе милијардер и од љубовница да стане свршеница: Со голите нозе и бујното деколте ја хипнотизираше Грција, а тој...

Супермен

17/06/2024

10:22

20.525

Големина на фонт

а а а

Деновиве никој во Грција не изгледал подобро од Лорен Санчез, која гордо чекорела покрај својот вереник Џеф Безос - најбогатиот човек на светот.

Во тесен виолетов фустан, со затегнат стомак и бујни гради, Лорен чекорела како жена која знае дека ѝ нема рамен. Таа беше љубовница која предизвика скандал, а сега може да се пофали дека е идната госпоѓа Безос, која веќе ужива во милијардите на партнерот.

Лорен се прослави како репортерка во шоубизнис новинарството и водителка.


Иако беше оженет, Безос падна на нејзиниот шарм и поради неа ја остави сопругата со која беше во брак 26 години и која му помогна да стане тоа што е денес и да го стекне богатството што го има сега. Во бракот добија четири деца.

Не е познато кога точно почнале да се гледаат, но сè излезе на виделина во 2019 година, кога беа разоткриени од страна на американските новинари. Во јавност тогаш „протекоа“ нивните ласцивни пораки, а Безос тогаш објави дека на неговиот брак му дошол крајот.


Истото го објави и Санчез. Имено, таа беше во брак со Патрик Вајтсел, кој ја запознал со Безос. Патрик и таа го добија синот Еван и ќерката Елинор Патриша, додека Лорен од претходната врска го има синот Ник.

Кружат гласини дека Џеф целосно ја изгубил главата по Лорен и слуша сè што таа му кажува. Очигледно е дека по почетокот на нивната врска тој почнал интензивно да вежба, а сега заедно одат во теретана. Лорен е поборник за подобрување на изгледот со естетски зафати, а наводно го натерала и милијардерот малку да се „освежи“ со ботокс.

Од некогаш скромен човек посветен на работата, Безос се претвори во заљубен тинејџер кој патува низ светот со Лорен, ја носи на најексклузивните места и ѝ приредува забави со познати холивудски ѕвезди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk