Уникатен случај: Овој работник ги склопувал сите 8 генерации на „Golf“

Супермен

18/06/2024

12:10

8.457

Големина на фонт

а а а

VW прослави 50 години од почетокот на производството на „Golf“ во Волфсбург. Сериското производство на моделот од првата генерација започна пролетта 1974 година, а Никола Бененати е дел од оваа приказна веќе 45 години.

Овој работник учествувал во производството на сите осум генерации на „Golf“!

На прославата во халата 12 на главната фабрика во Волфсбург, гости биле вработените, управниот одбор на VW на чело со генералниот директор Томас Шефер, претставници на управниот одбор на Групацијата и работничкиот совет, како и претставници на локални политичари.


Премиерот на Долна Саксонија, Стефан Вајл, го истакнал економското значење на „Golf“ за оваа покраина и за Германија општо. Во фокусот на церемонијата, која била придружувана од „Volkswagen Big Band“, биле вработените во фабриката.

Меѓу нив е и Никола Бененати, кој 45 години работи во производството на „Golf“ и кој работел на склопување на сите 8 генерации на модели.


Уште еден од најстарите вработени е Роланд Валтер, кој пред 40 години бил сведок на почетоците на производството на „Golf II“ во тогаш новоизградената хала 54.

Во разговор со Виктор Шоке, помлад надзорник во халата 12, Валтер зборувал за тоа како производството драстично се променило во изминатите 50 години.


За тоа време, повеќе од половина од 37 милиони продадени „Golf“ модели ширум светот биле произведени во седиштето на брендот во Волфсбург, односно повеќе од 20 милиони примероци од овој компакт на „Volkswagen“.

По повод 50-годишниот јубилеј, вработените го претставиле и посебниот, јубилеен „Golf“.


Срцето на брендот се наоѓа на каналот Мителанд помеѓу Хановер и Магдебург. Фабриката во Волфсбург е седиште на патничките автомобили на „Volkswagen“ и е најголемата фабрика за автомобили во светот со околу 70.000 вработени.

До денес, во Волфсбург се произведени повеќе од 48 милиони возила, повеќе од која било друга фабрика за автомобили во светот. Со повеќе од 20 милиони возила, „Golf“ е модел кој најдолго се произведува на локацијата.


На второ место, со речиси 12 милиони продадени возила, е легендарната „Буба“, која се произведуваше во Волфсбург од 1945 до 1975 година.

Во моментов, покрај „Golf“ и „Golf Variant“, во Волфсбург се произведуваат и „Touran“ и „Tiguan“. Новиот модел „Tayron“ ќе биде додаден на крајот на годината.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk