Сигурен француски стартер: Не сум изненаден од елиминацијата на Италија

Дерби

02/07/2024

13:44

987

Големина на фонт

а а а

Франција со доста мака ја оправда улогата на фаворит и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство, фаза во која сепак нема да го гледаме бранителнот на титулата.

Италија доби фудбалска лекција од Швајцарија и со пораз од 2:0 ги спакува куферите, па иако многумина беа изненадени од ваквиот исход на натпреварот, еден играч кој настапува во Серија А вели дека победата на тимот на Јакин не е збунувачка.

Адриен Рабио како француски репрезентативец се уште е важен дел од тимот на Дешамп, а по победата над Белгија го коментирал и разочарувањето во фудбалска Италија.

– Со оглед на тоа што можевме да видиме во групната фаза, исходот од мечот меѓу Швајцарија и Италија за мене беше очекуван.

– Швајцарија беше во многу подобра форма, не можам да кажам дека сум изненаден од елиминацијата на Италија. Италија има млад тим и потребно е повеќе да работи со селекторот. Сигурен сум дека ќе имаат подобри изданија во наредните години, – вели Рабио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг