Лидс со тешко срце му продаде играч на Тотенехем: Ова не е по наша желба!

Дерби

02/07/2024

13:46

1.223

Големина на фонт

а а а

Лидс Јунајтед доживеа големо разочарување во финалето на „Вембли“ кое обезбедуваше промоција во Премиер лигата, бидејќи тимот од „Иланд Роуд“ загуби од Саутемптон во битката за елитата.

Иако долго беше на второто место и можеше директно да се пласира во Премиер лигата, Лидс на крајот падна на трето место и мораше да игра плејоф, а ова разигрување испадна најсреќно за „светците“.

Тоа значеше дека Саутемптон ги заработи сите пари од финалето кое носи најмногу пари во светот, додека Лидс Јунајтед со намален буџет ќе ќе почне новата сезона во Чемпионшип.

Поради неможноста да избори промоција, Лидс како второлигаш мораше да гледа како Тотенхем ја исплаќа откупната клаузула за еден од најдобрите играчи, односно за талентираниот Арчи Греј кој собра 52 настапи.

Клаузулата во договорот гласи дека секој клуб може да го добие за 30 милиони фунти ако тимот не избори промоција, па така Тотенхем го искористи ова за да добие големо засилување.

Додека во Северен Лондон се слави ветувачкиот трансфер, водечките луѓе во Лидс со скршени срца го потврдија трансферот и порачаа дека истиот не се реализира по нивна желба.

– Лидс Јунајтед може да потврди дека Арчи Греје комплетираше перманентен трансфер во премиерлигашкиот клуб Тотенхем, откако клубот од Северен Лондон ја исплати откупната клаузула за неуспешниот влез во Првата лига. Сфаќајќи ги амбициите на фудбалерот и атракцијата која ја носи Премиер лигата, Лидс со тешко срце се согласи на трансферот. Тоа не е по наша желеба, но сега ќе направиме се за да го вратиме Лидс онаму кадешто припаѓа, – гласи објавата на Лидс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг