Рутинска победа за Холандија

Макфакс

02/07/2024

21:03

977

Големина на фонт

а а а

Романската бајка заврши брзо. Новото поглавје започна добро, но Холанѓаните се потрудија да му дадат тажен крај.

Новото поглавје започна добро, но Холанѓаните се потрудија да му дадат тажен крај.

Разликата во класата беше евидентна, а кога Холанѓаните одиграа според таа разлика и според фазата на натпреварување, јасно беше дека првото место во групата ќе остане единственото големо сеќавање од Германија за романските навивачи.

Холандија поведе во првото полувреме, поточно во 20. минута, кога погоди Гакпо, а потоа во 83. минута ја потврди победата со голот на Мален, кој на крајот го постави конечниот резултат во последните секунди од натпреварот – 3:0.

Романците целосно застанаа и до крајот на мечот не успеаа да создадат ниту една убава шанса. Добрата организација и фокусот целосно исчезна во првото полувреме.

Голем број на нафрлувања од игра, но и од бројни корнери останаа нереализирани.

Ова е крај за Романија, а Холандија во четврт-финалето го чека подобриот од пресметката Австрија-Турција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг