Познатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота ужива на продолжен меден месец со својот сопруг Лорис Кариус и нивната ќерка Арија.
Тие прво беа во Шпанија, а моментално се во Италија. Дилета од, како што истакна, најдобриот летен одмор досега, постојано се јавува на Инстаграм, а последната фотографија што ја објави ја освои оваа социјална мрежа.
Атрактивната новинарка позирала во минијатурно сино бикини кое одлично ја истакнало нејзината исончана кожа, но и беспрекорната фигура која по породувањето брзо ја доведе до совршенство.
Комплиментите за нејзиниот изглед не престануваат да се нижат, а подеднакви реакции предизвика и со галеријата што ја објави пред оваа фотографија, во која исто така го покажа телото во костим за капење.
За потсетување, Дилета пред неколку недели се омажи за германскиот фудбалски голман на островот Вулкано во Италија, а во август минатата година добија ќерка.
Популарната Италијанка се прослави покрај фудбалските терени, каде веќе неколку години известува за натпревари од Лигата на шампионите и Серија А.
Дилета многумина ја сметаат за една од најубавите спортски новинарки, а на Инстаграм ја следат повеќе од 9 милиони луѓе.