Даниел Крег е ѕвезда на новата кампања на модниот бренд „Loewe“, а поради неговиот малку поинаков изглед на многумина им било тешко да го препознаат на прв поглед.
Усвојувајќи различни личности, поранешниот Џејмс Бонд ја претставува колекцијата на брендот за есен/зима 2024 година.
Кампањата е снимена од страна на Дејвид Симс на намерно обична бела позадина, а сетот ги укинува „реквизитите и уметноста“ за да се фокусира на субјектите - „кои се тие и како сакаат да бидат перцепирани“.
Во кампањата, Крег има подолга коса и шишки кои му го покриваат лицето. Иако сме навикнати да го гледаме во елегантни костуми со залижана коса и очила за сонце - што е препознатливо издание на агентот 007, оваа кампања го прикажува во потполно поинакво светло.
Една од комбинациите која Крег ги носи се состоела од шарен џемпер со принт, фармерки со широк црн ремен додека преку грбот носи префрлена торба.
Не е изненадувачки што ова разиграно издание на Крег и „Loewe“ стигна до голем број луѓе на социјалните мрежи, со голем број споделувања.
Тие во коментари го пофалиле актерот за опуштеното издание, па дури и се пошегувале дека ова му е најдоброто издание досега. Сепак, имало и негативни коментари - некои фанови пишувале дека ваквото издание воопшто не му прилега.