[ФОТО/ВИДЕО] Холивудските заводници на насловната страница на „GQ“: Не требаше долго за фотографиите од Пит и Клуни да го освојат интернетот

Супермен

14/08/2024

17:00

8.439

Големина на фонт

а а а

Бред Пит и Џорџ Клуни се ѕвезди на септемвриското издание на магазинот „GQ“, а не требаше долго фотографиите од двајцата холивудски заводници да ги освојат социјалните мрежи.

Пит и Клуни позирале за серија фотографии за магазинот „GQ“, а по повод најавата на филмот „Wolfs“, тие зборуваа и за нивното пријателство, соработка и долгогодишните кариери. Насловната фотографија ја прикажува двојката како позира во вода, облечена во костуми и со очила за сонце.


Интервјуто и придружната фотосесија биле одржани во дворецот Миравал, пространа вила во Коренс, Франција - каде Пит и Анџелина Џоли се венчаа во август 2014 година. Винаријата и имотот се во центарот на тековната правна битка меѓу поранешните сопружници откако Џоли ја продаде нејзината половина во 2021 година.

Соработниците и долгогодишни пријатели зборуваа за нивната повеќедецениска врска - и за нивната заемна поддршка кога времињата стануваат тешки.


„Ние сме пријатели долго време“, вели Клуни, „И тоа е забавно затоа што одвреме-навреме се јавуваме еден на друг, што е важен дел од ова. Работите се комплицираат во животот и вие секогаш треба да се уверите дека сите се добро“.

Пит го пофалил својот пријател како личност која „веројатно е најдобра во разбирањето, согледувањето на шаховската табла и потенцијалните потези“.

„Ќе му се јавам на Џорџ во бројни прилики кога ќе „згусти“. Знам дека ми го чува грбот, јас му го чувам грбот“, изјавил Бред и додал дека се познаваат од 90-те, како и дека заедно поминале низ многу животни пресврти.


Клуни и Пит имаат одлична хемија пред камера, а последен пат заедно соработуваа во 2008 година кога се појавија во филмот „Burn After Reading“. Заедно, тие глумеа и во три дела од франшизата „Ocean's Eleven“.

Премиерата на филмот „Wolfs“ е закажана за филмскиот фестивал во Венеција годинава. Во филмот Клуни глуми професионален криминалец чија задача е да прикрие злосторство од висок профил. Но, кога Пит, кој е ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата „волци самотници“ мора да ги здружат силите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk