[ФОТО] Легендарниот актер пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција: Можете ли да го препознаете?

Супермен

03/09/2024

15:23

6.077

Големина на фонт

а а а

Легендарниот британски актер пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција со нова фризура. Можете ли да го препознаете?

Станува збор за Даниел Крег кој одлучил да ја порасне својата коса. Поранешниот таен агент 007 пристигнал во Италија со сопругата, актерката Рејчел Вајс, а судејќи по реакциите на социјалните мрежи, новата фризура е полн погодок.


„Овој имиџ одлично му прилега“, „Чекајте, ова е навистина Даниел Крег?“, „Немаше да знам кој е на фотографиите да не прочитав“, „Апсолутна промена“, се дел од коментарите на Х.

Вечерва на споменатиот филмски фестивал премиерно ќе биде прикажан неговиот нов филм „Queer“ во режија на Лука Гвадањино. Станува збор за адаптација на истоимениот роман на Вилијам С. Бароуз за американски иселеник во Мексико Сити кој станува опседнат со млад студент.


Покрај Крег, во филмот играат и Лесли Менвил, Џејсон Шварцман, Дру Старки, Дејвид Ловери и други. „Queer“ игра во главната конкуренција.

Досега на 81-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција вниманието на критичарите и публиката го привлекоа филмовите „Babygirl“, „Maria“, „The Room Next Door“... Наградите ќе бидат доделени во сабота на 7-ми септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk