[ФОТО] „Ова не го правеше за Џенифер и Анџелина“: Бред Пит со тотална промена на имиџот докажува колку е заљубен во новата девојка

Супермен

11/09/2024

20:40

5.010

Големина на фонт

а а а

Актерот и оскаровец Бред Пит можеби ја помина 60-та година од животот, но љубовта затропа на неговата врата и не планира да ја пушти!

Веќе е добро познато дека актерот се забавува со речиси 30 години помладата Инес де Рамон, која се чини дека го освои неговото срце како ниедна друга девојка по Анџелина.

На почетокот се чинеше дека Бред само добро се забавува, но тој ја подигна врската на следното ниво со тоа што ја одведе Инес во Венеција на 81-та Мостра, каде што дебитираа на црвениот тепих како пар, а попатно уживаа во друштвото на Амал и Џорџ Клуни во овој италијански град.


Потоа, тие се вратија во Њујорк, каде со недели излегуваат на вечери и во галерии, а освен тоа, некои странски медиуми пишуваат дека девојката на Пит е веќе бремена, иако тоа не е потврдено, но е во домен на шпекулации.

Многумина веќе забележаа дека Бред исто така го променил стилот на начин на кој никогаш не го направил тоа досега.

Актерот започна да носи вибрантни бои, од црвена преку жолта до портокалова, избира панталони со широки ногавици, комбинезони и слични парчиња кои не ги носеше ниту кога беше многу помлад.


Покрај тоа, тој сега носи ѓердани, а еден е особено интересен; имено, ја има буквата И, како Инес, покриен со дијаманти, додека таа има своја верзија со буквата Б.

И не само тоа, Пит на ѓерданот носи и знак Стрелец, што е асоцијација на нивниот хороскопски знак, со оглед на тоа дека тој е роден на 18-ти декември, а Инес на 19-ти декември.


Некои корисници на Х веќе некое време во коментари го исмеваат Бред велејќи дека не изгледа помладо, туку смешно и дека ова никогаш не го правел за Џенифер Анистон ниту за Џоли.

Вака изгледаат некои од новите стајлинзи на Пит:


А еве како се облекуваше порано:



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk