Еве кој модел на „iPhone 16“ е најпродаван во првиот викенд

Супермен

16/09/2024

21:11

2.089

Големина на фонт

а а а

Засновајќи ја неговата анализа на времето на испорака кое се менува на официјалната веб-страница на „Apple“ за нарачки во САД, аналитичарот Минг-чи Куо верува дека „Apple“ бележи помала побарувачка за најмоќните модели на „iPhone 16“, додека продажбата на стандардните „iPhone 16“ и „iPhone 16 Plus“ е поголема.

Еден од факторите е достапноста на „Apple Intelligence“

Иако неговите тврдења се засноваат само на почетната побарувачка, Куо тврди дека „Apple“ продал околу 37 милиони единици од стандардниот „iPhone 16“ во првиот викенд. Тоа е намалување за 12,7% од лансирањето на „iPhone 15“.

Во првиот викенд „iPhone 16 Plus“ забележа пораст на продажбата од 48% во однос на минатогодишниот „iPhone 15 Plus“.

Но, „iPhone 16 Pro“ забележа пад на продажбата од 27% во споредба со првиот викенд на „iPhone 15 Pro“. Продажбата на моделот „16 Pro Max“ е за 16% помала од моделот „15 Pro Max“, пренесува „Apple Insider“.


Куо смета дека еден од факторите кој можеби влијаел на почетната побарувачка за овие телефони е фактот што сите модели ги добиваат долгоочекуваните функции на „Apple Intelligence“, кои ќе бидат воведени во текот на следните неколку месеци, односно до крајот на 2024 година и почетокот на 2025 година.

Дополнително, силниот интерес за моделот „Plus“, како и благиот пад на продажбата на „Pro Max“, покажува дека многу рани корисници сè уште ги претпочитаат поголемите модели. Се очекува претстојната празнична сезона да ја промени ситуацијата со најпродаваните модели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk