[ФОТО] Шекил О’Нил го купил автомобилот кој е забранет во Европа, во својата колекција веќе има еден ист

Супермен

12/09/2024

23:06

15.886

Големина на фонт

а а а

Легендарниот НБА кошаркар Шекил О'Нил (52) направи уште едно екстравагантно купување. Американецот го купил моделот „Cyberbeast“ на „Tesla“, кој е верзија со помоќен мотор на веќе познатиот „Cybertruck“.

Неговата љубов кон автомобилските иновации и персонализираниот дизајн е добро позната меѓу фановите, а новата аквизиција ја нагласува неговата континуирана страст за врвните возила.

Иако веќе има идентичен автомобил, тој објасни зошто купил уште еден:

„Не сакам да бидам непристоен, но ми недостига мојот „Cybertruck“ и не сакам да го испраќам од Вегас до Атланта. Затоа, едноставно ќе купам уште еден“, рече Шек.

Дури и извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, го забележал новиот „Cyberbeast“ на Шек и ја споделил објавата на кошаркарот на Х.

Купувањето го чинело О'Нил не помалку од 100.000 евра, а „Cybertruck“ станува сè попопуларен во САД, особено поради неговиот досега невиден дизајн.

Инаку, овој автомобил не може да се купи во Европа. Европскиот пазар не е ни приближно толку склон кон камионети како американскиот пазар, ниту пак патиштата се приспособени за возила со таа големина.

Европските регулативи исто така бараат ниту еден надворешен агол на автомобилот да не биде остар, т.е. мора да има минимална заобленост од 3,2 милиметри. „Cybertruck“, од друга страна, е склопен од правилни челични полигони, а неговите надворешни агли се значително поостри од наведеното.


Исто така, се поставува и прашањето за категоризација. Празниот „Cybertruck“ тежи околу 3,1 тон, а неговата вкупна максимална дозволена тежина, во зависност од моделот, е меѓу 4 и 4,5 тони. Со тоа тој од категоријата Б (максимална дозволена тежина од 3,5 тони) преминува во Ц1, што значи дека не смее да се вози со обична возачка дозвола за лични моторни возила, туку со онаа за лесни камиони.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk