Дали повеќе заработуваат луѓето со висок коефициент на интелигенција или оние со понизок, и дали некогаш високиот коефициент на интелигенција претставува пречка за стекнување на големо богатство е прашањето со коешто сè повеќе се среќаваме во секојдневниот живот. Меѓутоа за оваа тема се зборува и на светско ниво, а многумина економски експерти, аналитичари, но и успешни бизнисмени јавно дебатираат во врска со ова.
Ово је тачно 100 % pic.twitter.com/0gOy3H6hza
— Грба (@grba1968) August 30, 2024
Дeн Пења, познатиот седумдесет и деветгодишен американски бизнисмен и автор на книгата „Твоите први 100 милиони“, којшто во светот е познат како „човекот од трилион долари“, зборуваше за британската телевизија „LondonReal“ во врска со тоа што според неговото мислење и искуство, луѓето коишто имаа понизок коефициент на интелигенција имаат поголеми шанси да се збогатат.
„Колку што има понизок „IQ“, толку повеќе пари ќе заработи“, Пења вака го започна својот одговорот кога новинарот го праша за подетално објаснување на неговото тврдење.
„Ќе ги земеме на пример инженерите.Тие ги анализираат работите. Доколку градите мост или ракета, не смеете да згрешите, бидејќи многу луѓе ќе загинат. Поради тоа тие се „истренирани“ да се сочуваат себеси преку постојано анализирање. Тие премногу анализираат и ги преиспитуваат т сите околности, размислуваат за сите работи и можности коишто можат да отидат во спротивната насока, а доколку премногу размислувате за сè, ќе најдете доволно причини тоа да не го направите“, објасни познатиот бизнисмен.
Понатаму Дeн Пења објасни која е клучната разлика во однесувањето на луѓето со просечна или ниска интелигенција.
„Преземање на акција не е слушање на поткаст ниту читање весници, туку е токму тоа – дејствувањето“, вели Пења, алудирајќи дека оваа група на луѓе „скока во огнот“ и делува без премногу размислување и анализирање на околностите и последиците.
„Доколку си инженер, адвокат, сметководител, лекар или научник, ти си научен да преземеш акција според точно одредени фактички обрасци“, додава бизнисменот.