Ние го фрламе, додека во Данска прават бизнис од него: Килограм од овој производ во Македонија чини околу 300 денари

Супермен

16/09/2024

23:09

42.285

Големина на фонт

а а а

Веќе е општопознато дека Скандинавците се лидери во одржливиот развој и заштитата на животната средина. Норвешка веќе дозволува крстарења со еколошки бродови, Шведска толку „избезумено“ рециклира ѓубре па го снемува и мора да се увезува од други земји, додека во Данска, меѓу останатото, смислија и нешто друго.

„Beyond Coffee“ , компанија од Копенхаген се издвои со интересна идеја, која ја спроведуваат бројни здруженија за заштита на животната средина и промоција на еко стилот на живот.

Помислете само колку кафе се пие во светот секој ден и колку талог се фрла секој ден – било во домаќинствата или во кафулињата. Па, добро, што сега? Тој остаток е бескорисен и не е штетен во секој случај, можеби повеќето од нас би помислиле.


Но, Данците велат: повеќето вредни состојки на кафето остануваат содржани токму во тој остаток што неволно се фрла. Бидејќи Данците се едни од водечките љубители на кафе во светот, оваа компанија го прави следново: тие купуваат талог од кафе од кафулиња кои инаку би биле фрлени и ги користат за – одгледување буковки!

И вие можете да бидете свој одгледувач

Оладениот талог од кафе го мешаат со мицелиумот, вегетативниот дел од печурката кој се состои од разгранети нишки. Сето ова се чува во контејнери, а процесот на растење трае четири недели.

Најпрво се чуваат три недели на топло и темно место кое ја симулира почвата во која би растеле во природа. Потоа се преместуваат една недела во поладни простории со висока влажност и повеќе светлина. Тогаш буковките почнуваат да никнуваат.

Исто така забележуваат и како е можно повеќекратно да се одгледуваат печурки користејќи ист талог, а кога го користат, им го предаваат на локалните фармери, кои можат да продолжат да го користат.


Буковките се одгледуваат на урбана фарма на само километар оддалеченост од продавницата каде што се продаваат. Но, можете да купите и мицелиум и почетен комплет од рециклирани материјали за домашни одгледувачи, за да можете сами да ги одгледувате во вашиот дом од вашата земја. За само еден месец ќе имате свои јадливи буковки.

Инаку, килограм буковки во продавниците во Македонија чини околу 300 денари.


Бидејќи оваа форма на одгледување печурки се прошири низ целиот свет – се претпоставува дека во моментов има пет илјади иницијативи кои се занимаваат со тоа.


Тоа е шолја за кафе делумно направена од талог од кафе. „Оваа шолја мириса на кафе пред да сипете во неа“, велат задоволно, а лозарите додаваат: „Сè е половина наука – половина уметност!“



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk