Како виното,чајот и бобинките можат да помогнат во намалувањето на ризикот од деменција

Точка

19/09/2024

10:10

1.331

Големина на фонт

а а а

Ново спроведената студија открива дека дневното консумирањето на дополнителни порции на храна богата со флавоноиди може да го намали ризикот од деменција за 28%, особено за лицата со висок крвен притисок, депресија и висок генетски ризик.

Најголемо намалување на ризикот било забележано кај лицата коишто на дневно ниво консумирале најмалку две од следните работи: пет шолји чај, една чаша црно вино и половина порција бобинки.


Флавоноидите се природни супстанции коишто се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и други растенија. Студиите покажале дека тие го намалуваат воспалението на мозокот, го подобруваат протокот на крв во мозокот и го поттикнуваат растот на корисните бактерии во цревата.

Новата студија објавена во „JAMA Network Open“, опфатила околу 122.000 жители на Велика Британија, на возраст од 40 до 70 години, а истражувањето го предводеле истражувачи од универзитетот „Queen’s“ од Белфаст.


Од учесниците во истражувањето било побарано да пријават она што го јаделе, а истражувачите им доделувале оценки врз база на внесот на црн или зелен чај, црно вино, јаболка, бобинки, грозје, портокали, грејпфрут, благи пиперки, кромид и црно чоколадо.


Најголем дел од испитаниците на дневно ниво, консумирале четири до пет порции храна богата со флавоноиди, а најпопуларен бил чајот. Тие биле следени околу девет години, а во текот на тоа време биле забележани 882 случаи на деменција.

Проучувајќи неколку видови на флавоноиди, истражувачите откриле дека антоцијанинот, флаван – 3 – ол и флавон се најмногу поврзани со ризикот од деменција, а чајот, црното вино и бобинките се врвен извор на овие флавоноиди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг