Се сеќавате ли на најголемото промашување во историјата на Ливерпул? Сега потпиша за четвртолигашот Бордо

Супермен

19/09/2024

19:17

721

Големина на фонт

а а а

Некогаш еден од најдобрите напаѓачи во англискиот фудбал, Енди Керол, денес е четвртолигаш. Тој потпиша договор со пропаднатиот француски великан Бордо каде ќе настапува до крајот на сезоната.

Енди Керол (35) денес е ветеран кој не оствари ни дел од она што се очекуваше. Тој беше на својот врв во 2011 година кога Ливерпул му плати повеќе од 40 милиони евра, што беше еден од рекордните трансфери во тоа време.


Меѓутоа, не постои навивач на Ливерпул кој смета било која друга зделка како најголемо промашување на клубот од купувањето на Керол. Фудбалерот од „Енфилд“ одеше на позајмици, а потоа „црвените“ го продадоа по две години во Вест Хем за само 17 милиони евра.

Керол „шеташе“ по клубовите од Премиер лигата и Чемпионшипот, пред да се впушти во интересна авантура минатата година и да потпише за францускиот Амиен. По една година реши да се повлече и да ги изненади сите со потпис за четвртолигашот Бордо.


Пропаднатиот гигант Бордо беше исфрлен во четвртиот ранг на францускиот фудбал и ќе го започне патот кон закрепнувањето, а тука ќе има на располагање поранешна ѕвезда на англискиот фудбал.

„Неговата висина и талент за постигнување голови и борбениот дух сигурно ќе нѝ помогнат оваа сезона. Едвај чекаме да го видиме на теренот“, изјавија жирондинците.

Керол, исто така, стигна и до репрезентацијата на Англија во славните денови, а на 9 настапи постигна 2 погодоци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk