Продажбата на возила во Европската унија (ЕУ) драстично падна во август, покажаа податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Во август во ЕУ се регистрирани само 644.000 нови автомобили, за 18,3 отсто помалку од истиот месец лани.
Во јули продажбата стагнираше, по скромниот раст од 4,3 отсто во јуни, што означи крај на четиримесечен период на послаби резултати.
Во август сите четири водечки пазари забележаа пад, а најмногу се намали продажбата во Германија и тоа за 27,8 отсто. Блиску е и Франција, со 24,3 отсто помалку регистрирани нови автомобили од претходната година. Двоцифрен пад бележи и Италија од 13,4 отсто. Најмногу е намалена продажбата во Шпанија, за 6,5 отсто.
Европскиот пазар на електрични автомобили за батерии падна нагло во август, дури 43,9 отсто, пресмета ACEA, по падот од 10,8 отсто во јули. Продажбата во Германија и Франција, двата најголеми европски пазари, потона за 68,8 и 33,1 отсто, соодветно.
Во вакви услови уделот на електричните автомобили на батерии на европскиот пазар во август е намален на 14 отсто, од 21 отсто во истиот месец лани.
Во првите осум месеци европскиот пазар на автомобили порасна за 1,4 отсто во однос на истиот период лани, со регистрирани 7,2 милиони нови возила.
Европскиот пазар на електрични автомобили со батерии падна за 8,3 отсто за истиот период, со регистрирани 902.000 нови автомобили.