[ВИДЕО] Мерил Стрип не ја добила улогата во познатиот блокбастер бидејќи ѝ кажале дека е премногу грда

Точка

05/10/2024

18:31

4.255

Големина на фонт

а а а

И покрај тоа што денес е позната како една од најуспешните холивудски актерки на сите времиња, Мерил Стрип на почетоците од својата кариера имала проблем со пронаоѓањето на улоги.

Во текот на гостувањето во емисијата „The Graham Norton Show“, трикратната освојувачка на Оскар, се потсети на една од своите први аудиции која завршило неславно бидејќи режисерот сметал дека таа била „премногу грда“ за неговиот филм.

Стрип, својата актерска кариера ја започнала во театар, а во текот на една претстава во седумдесеттите во Њујорк, ја забележал синот на режисерот Дин Де Лаурентис. Актерката толку го воодушевила со својата изведба, што тој одлучил да ја запознае со својот татко, којшто во тоа време бил во потрага по ѕвезда за својот филм „King Kong“.

„Имаше прекрасна канцеларија со поглед на Менхетен и кога влегов внатре, неговиот син веќе седеше таму и беше многу возбуден бидејќи донел нова актерка“, се потсети Стрип на нејзината средба со режисерот. „Таткото му се обрати на синот на италијански, а јас разбирам италијански. Му кажа: „Che brutta“ – „зошто ми донесе волку грдо нешто“.


Ваквата реакција ќе го обесхрабреше кој било актер, но Стрип му одговорила на италијански: „Разбирам што зборувате, жал ми е што не сум доволно убава за улогата во Кинг Конг“.

Улогата во „Кинг Конг“ ја доби ѕвездата на „Американската хорор-приказна“

Наместо Стрип, улогата ја доби Џесика Ланг, која на помладите генерации им е најпозната по серијата „Американската хорор-приказна“.


И покрај тоа што уживала во актерството, Стрип призна дека и самата се чувствувала премногу грда за Холивуд. Како што пишува „Unilad“ актерката во една прилика изјавила: „Секогаш глумев во претстави, но мислев дека е залудно да се биде актерка. Покрај тоа, мислев дека сум премногу грда за да се занимавам со актерството. Очилата не беа толку убави во тоа време“.


Меѓутоа и покрај несигурноста, не се откажувала. Ѕвездата на мјузиклот „Mamma Mia!“ својот филмски деби го оствари во 1977 во филмот „Julia“, а веќе во 1979 го освои својот прв Оскар за драмата „Крамер против Крамер“. Оттогаш таа има освоено уште два Оскари, едниот за драмата „Изборот на Софија“ од 1983, и последниот за биографскиот филм „The Iron Lady“ од 2012 година.