Смртта на Лиам се истражува како сомнителна: Се испитуваат пет лица - две жени се клучни сведоци

Точка

18/10/2024

10:31

981

Големина на фонт

а а а

Полицијата ја истражува ненадејната смрт на музичарот и поранешен член на „Уан дајрекшн“, Лиам Пејн. Во официјалниот извештај се вели дека смртта на пејачот се истражува како „сомнителна“ поради локалните протоколи, но доказите сугерираат дека тој бил сам во хотелската соба во моментот на инцидентот, пренесува Би-би-си.

Инспекторите испрашуваат пет сведоци – тројца вработени во хотелот и две жени.. Како што пишува „Дејли мејл“ двете жени може да се „клучни сведоци“ бидејќи се смета дека се меѓу последните кои го виделе додека бил жив.

Локалните медиуми објавија дека тие го напуштиле хотелот во средата, откако некое време го чекале Пејн во фоајето. Нема индикации дека можеби се вмешани во неговата смрт, но полицијата се надева дека ќе може да добие информации за неговите последни моменти.

Иако, аргентинските обвинители велат дека сите докази моментално укажуваат на тоа дека пејачот бил сам пред неговата смрт, тие исто така ја испитуваат „можната вмешаност на трети лица во настаните што се случиле порано“.


Оттаму додаваат дека тој можеби паднал од балконот во целосно онесвестена состојба, бидејќи од хотелската соба биле одземени предмети што укажуваат на консумирање алкохол и дрога. Првата обдукција покажа дека Лиам се здобил со 25 повреди од падот. Ќе се прават и токсиколошки тестови.

Гостинот кој престојувал во хотелот во исто време, Даг Џонс, за Би-би-си изјавил дека слушнал „гласни звуци“ и мислел дека собата во која се наоѓа музичарот се поправа или реновира.

„Мислев дека работат на собата. Беше бучно, можеше да се слушне како се креваат тешки предмети, удирање, силни звуци. Ги видов луѓето како влегуваат и излегуваат од собата, па мислев дека прават нешто таму“, рекол Џонс.


Тој исто така вели дека околу 17 часот по локално време слушнал силен крик и сфатил дека нешто не е во ред, бидејќи улицата била полна со полиција. Итната помош пристигнала во хотелот во исто време, по пријава за „агресивен маж, кој можеби е под дејство на дрога или алкохол“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг