[ВИДЕО] Зоки Фаци со емотивно обраќање во инвалидска количка: „Ви благодарам на сите за вчерашната поддршка! Дај Боже да успеам во биткава со канцерот и да продолжиме заедно

Точка

18/10/2024

12:58

1.705

Големина на фонт

а а а

Зоран Василевски (Зоки Фаци) и Стефан Лазаров ја добија наградата за најдобар поткаст на манифестацијата организирана од естрадниот магазин „Бекстејџ“. Ова дуо цела сезона ги смееше гледачите и привлекоа бројна публика.

Во меѓувреме, новинарот Василевски на приватен план ја води најтешката животна битка. Тој се соочува со канцер, за кој јавно говори и е благодарен на македонската нација за поддршката која несебично му ја дава.

Зоки сега сè поретко можеме да го забележиме во јавноста, откако како резултат на хемотерапиите видно ослабе. Не беше ниту во можност да присуствува на роденденската забава организирана од „Бекстејџ“, каде што заедно со јутјуберот Лазаров требаше да ја подигне наградата.

Posted by Zoran Faci Vasilevski on Thursday 17 October 2024

„Здраво дечки, на овој прекрасен ден, јас малку излегов на сонце, со моето ламборџини (болничката количка н.з.). Ви благодарам на сите за вчерашната поддршка на Бекстејџ, бидејќи со Стефан Лазаров сме одбрани за најдобри јутјубери за оваа година. Јас се надевам дека Стефан е среќен, но целиот благослов е негов, јас бев само една голема поддршка. Дај боже да успеам со биткава со канцеров и да продолжиме заедно, да продолжиме заедно и да редиме успеси, толкави ѕвезди како на Бекстејџ. Ви благодарам на сите, ти благодарам Стефан, благодарам за големата поддршка од сите мои фанови, и се надевам дека ќе успееме да се избориме со оваа опака болест. Јас одам малку на сонце“, вели Василевски во својата објава.


Да потсетиме, Зоки пред неполн месец требаше да биде опериран во една позната македонска приватна болница, но поради дополнителни испитувања зафатот беше одложен. Претходно, Василевски направи низа испитувања и во Турција кои, како што тогаш откри неговиот близок пријател и соработник Лазаров, за три дена чинеле околу 7.000 евра. Истите покажале дека туморот е над 30 cm и дека има метастази во почетна фаза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг