[ФОТО] Полициски суперавтомобил, па уште и на струја

Точка

09/11/2024

11:30

7.121

Големина на фонт

а а а

Американскиот тјунер го претстави "Tesla Model S Plaid" со специјална опрема.

Електричните возила на "Tesla" постепено почнаа да се појавуваат во полициските единици во последните години. Најновиот автомобил „во полициска униформа“ е "Model S Plaid".

Тјунерот "Unplugged Performance" претстави полициски комплет направен специјално за "Model S Plaid" на првиот ден од автосалонот "SEMA 2024", кој ги обединува компаниите специјализирани за автомобилски модификации.


"Model S Plaid" е познат по своите моќни перформанси и важи за еден од најбрзите сериски автомобили во светот, барем кога станува збор за големото забрзување.

"Unplugged Performance" веќе произведува полициски модификации за автомобилите на "Tesla Model Y', "Model 3" и "Cybertruck".


Според официјалните податоци на "Tesla", "Model S Plaid" забрзува од 0 до 100 km/h за само 1,99 секунди, достигнува максимална брзина од 322 km/h и има автономија од 578 km.

"Unplugged Performance" подготви комплет модел "S Plaid Police Edition". Комплетот вклучува полициски светла интегрирани во предното и задното стакло, со што се избегнува нарушување на аеродинамиката на традиционалните светла поставени на покривот.


Вклучено е и странично осветлување, заедно со заштитна рамка со дополнителни предупредувачки светла и интегрирани сирени за итни случаи.

"Plaid Pursuit", исто така, има надградени сопирачки и лесни тркала, обезбедувајќи зголемена издржливост и подобрено управување со возилото, особено при потери, велат од "Unplugged Performance".




Спонзорирани линкови

Маркетинг