Пејачката и милијардерка Ријана (36) ги поттикнаа гласините околу крајот на нејзината музичка кариера. Ријана со години нема објавено ниту една нова песна ниту одржано концерт (освен настапот на свадбата на еден тајкун во Индија), меѓутоа претходно вети дека ќе објави нови песни во иднина. Но, по снимката која се прошири на социјалните мрежи, нејзините обожаватели се сомневаат дека таа ќе го исполни ветувањето.
Имено на настанот поврзан со нејзиниот бренд „Fenty Beauty“, Ријана зборуваше за својата музичка кариера и навести дека наскоро ќе се повлече од музичката индустрија.
„Музиката беше она кое го привлече вниманието, но Бог имаше други планови за мене“, изјави пејачката, а потоа продолжи: „Успеав да создавам музика на начини кои беа многу искрени и оригинални, органски и автентични за работите кои ги сакам. Така што тоа воопшто не изгледаше како работа“.
Откако снимките од овој настан почнаа да кружат на социјалните мрежи, фановите на пејачката го коментираа нејзиното потенцијално пензионирање, барем што се однесува до музиката.
„Таа се обидува да ви каже дека нема да има нови песни“, „Музиката не е нејзиниот фокус“, „Мораме да прифатиме дека таа повеќе не е пејачка, таа е деловна жена која порано беше пејачка“, „Ријана никогаш не ја сакаше музиката, морате да разберете. Тоа ѝ беше само работа“, „Извини, но не можам повеќе да го слушам ова, само кажи дека нема да го издадеш албумот“, коментира обожавателите на Ријана.
Музичката кариера ја започна на 16 годишна возраст
Ријана, родум од Барбадос, на 16-годишна возраст се пресели во САД и ја започна својата музичка кариера. Во 2005 година, Ријана го издаде својот прв студиски албум „Music of the Sun“, кој влезе во топ 10 листата на „Billboard 200“, а потоа за помалку од една година го издаде својот втор студиски албум, „A Girl Like Me“, кој се најде во топ пет албуми во САД.
Третиот студиски албум на Ријана „Good Girl Gone Bad‘“ беше објавен во мај 2007 година. Тој албум беше номиниран за девет Греми награди, а освои една. Четвртиот студиски албум „Rated R“ беше издаден во 2009 година, а петтиот албум „Loud“ беше објавен следната година. Таа го издаде шестиот албум „Talk That Talk“ во 2011 година, а седмиот албум „Unapologetic“ беше објавен во 2012 година. Четири години подоцна беше објавен нејзиниот осми и засега последен албум „Anti“.
Настапуваше на „Super Bowl“
Во 2023 година, Ријана настапи на полувремето на „Super Bowl“ и на сцената објави дека е бремена, a нејзиниот настап и веста дека е бремена го „преплавија“ Твитер.
Во 20:38 часот по локално време, неколку минути по завршувањето на нејзиниот настап, додека Филаделфија Иглс и Канзас Сити Чифс го започнуваа второто полувреме од натпреварот, на Твитер имаше многу пријави за нарушувања во однос на функционирањето на апликацијата.