Лос Анџелес Лејкерс има извонреден старт на сезоната во НБА лигата и запиша шеста победа во низа рано утрово, а клучен играч за „езерџиите“ не беше ниту Леброн Џејмс, ниту Ентони Дејвис.
Лејкерси добија нова сензација во името на Далтон Нект, дебитантот во НБА лигата кој пишува историја со партиите на изминатите натпревари.
Нект доби место во стартната постава на Лејкерс пред четири меча и оттогаш ги воодушевува фановите, но тоа што го направи утрово е навистина неверојатно.
Младиот кошаркар кој ја игра дебитантската сезона во НБА лигата запиша 37 поени зад своето име, постигна дури девет тројки, а шест од нив беа во низа.
Нект постигна 18 поени во низа во третата четвртина и ги вчудоневиди сите во салата, вклучувајќи го и „кралот Џејмс“ кој „пукаше“ од клупата за резерви.
Далтон заигра во стартната постава за Лејкерс пред четири меча и оттогаш има по 23,4 поени по просек, а вклучувајќи го и последниот меч против Јута, на истите запиша 21 тројка.
18 STRAIGHT POINTS FOR DALTON KNECHTpic.twitter.com/aKQDgzOjIG
— Underdog NBA (@Underdog__NBA) November 20, 2024
DALTON KNECHT HAD 6 THREES IN THE 3Q 😱 pic.twitter.com/g6WNhosxbH
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 20, 2024