Доказ за наместен меч: Борбата на Џејк Пол и Мајк Тајсон предизвика бес на социјалните мрежи!

Точка

21/11/2024

13:31

977

Големина на фонт

а а а

Популарниот јутјубер Џејк Пол го победи легендарниот боксер Мајк Тајсон во боксерски спектакл кој се одржа на 15 ноември на стадионот „АТ&T“ во Тексас.

Но, сега на социјалните мрежи се појави снимка која сугерира дека исходот од овој меч бил однапред договорен.

Љубителите на боксот се бесни поради ова, тврдејќи дека борбата била обична фарса. На снимките кои кружат по социјалните мрежи, се тврди дека е јасно како еден од најдобрите боксери на светот, Тајсон, намерно избегнувал да го нокаутира Пол.


На забавени снимки може да се види како Тајсон имал неколку шанси да го нокаутира Јутјуберот за време на борбата, но не го сторил тоа.

Во еден момент, Тајсон направил финта со левата рака, што го збунува Пол. Пол целосно ја отвора левата страна на лицето, создавајќи идеална можност Тајсон да го нокаутира. Но, познатиот боксер, на изненадување на многумина, избрал да не го направи тоа.


Оваа снимка, сосема разбирливо, предизвика лавина од негативни коментари на социјалните мрежи. Многумина од љубителите на спортот ја доведуваат во прашање автентичноста на мечот и интегритетот на боксерскиот спорт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг