Неколку добри причини обуката за возење да ја направите во зима

Точка

03/12/2024

11:24

513

Големина на фонт

а а а

Возењето во зимски услови можеби изгледа предизвикувачки, но токму затоа зимата е совршено време да започнете со обука за возење. Еве зошто:

• Совладување на вештините за возење во зимски услови

Зимата носи снег, мраз и влажни патишта, па обуката за возење во зима ќе ви овозможи да научите да се справувате со вакви услови уште од самиот почеток. Ова ќе ви даде дополнителна сигурност кога следниот пат ќе се соочите со вакви услови.

• Подобро управување со возилото

Обуката за возење во зимски услови ќе ви помогне во усовршување на техники како што тргнување на угорнина, управување со возилото во услови на пролизгување и соодветно сопирање. Овие вештини се особено важни за сите возачи, а совладувајќи ги како нов возач ќе ви помогнат да бидете подготвени за возење во сите сезони.


• Поголема достапност на инструкторите

Вообичаено во овој период инструкторите во автошколите имаат повеќе слободни термини, па многу полесно можете да го усогласите распоредот на часовите за возење со вашите обврски. Дополнително, многу полесно можете да стигнете до инструктори со висок рејтинг за кои подолго се чека во другите сезони.

• Подготвеност за летниот период

Ако започнете со обука за возење во зима тоа значи дека најдоцна до пристигнувањето на летото веќе ја имате вашата возачка дозвола и подготвени ќе можете да уживате во летните патувања.

Зошто да чекате?

Не дозволувајте зимските услови да ве обесхрабрат. Искористете ги за да станете сигурен и уште подобар возач.


А ако овие причини не се доволни и сепак верувате дека пролетта е најдобра сезона за обука за возење, тогаш искористете го попустот за обука за мотоцикл и автомобил, пријавете се сега, заштедете и резервирајте го вашиот термин во пролет. Повеќе информации за акцијата имате тука.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!