Бела Хадид секое утро ги прави овие 5 вежби за рамен стомак

Точка

04/12/2024

21:30

6.499

Големина на фонт

а а а

Со само 2,5 минути вежбање дневно, можете да ги добиете посакуваните резултати, како рамен стомак сличен на Бела Хадид.

Еве ги 5-те едноставни вежби што таа ги практикува:

1. Подигање на нозете од лежечка положба

• Легнете на грб и истегнете ги рацете покрај телото.

• Свиткајте ги нозете така што бутовите и колената ќе формираат агол од 90 степени.

• Вдишете, потоа со издишување спуштете ги нозете кон подот, а потоа вратете ги назад.

2. Подигнување на карлицата

• Останете во истата лежечка положба.

• Свиткајте ги нозете и малку подигнете ги од подот.

• Кренете ја карлицата нагоре, па полека спуштете ја назад.


3. „Велосипед“

• Подигнете се на лактите и легнете на грб.

• Свиткувајте и исправувајте ги нозете наизменично, како да возите велосипед.

• Слушајте го вашето тело и почувствувајте ја тензијата во мускулите.

4. „Ножици“

• Останете потпрени на лактите.

• Испружете ги нозете и прекрстувајте ги наизменично, како ножици.


5. Позиција на колена и дланки

• Заемете положба на колена и дланки.

• Подигнете ги колената од подот и задржете ја таа положба, внимавајќи грбот да биде исправен.

Секоја вежба трае 30 секунди. Заедно, тренингот трае само 2,5 минути дневно. Комбинирајте го ова со здрава исхрана, и првите резултати ќе бидат видливи за два месеци!



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk