[ФОТО] "Renault" воведува радикална промена

Точка

14/12/2024

09:59

5.833

Големина на фонт

а а а

Се чини дека најдобрите денови на теренецот се зад нас, а возачите бараат некои нови дизајнерски решенија – барем според лидерите во индустријата.

Како што изјави Жил Видал, шеф за дизајн во "Renault" за веб-страницата "Autocar", купувачите на автомобили се вртат кон некои нови форми на возила и нови функции за нивните четири тркала.


Видал изјави дека модерните верзии на легендарните модели како "Renault 4", "Renault 5" и "Renault Twingo" ќе бидат последни во ерата на актуелните трендови и дека тогаш, како што истакна, „ќе почнат да дуваат нови ветришта“.


Според тоа, како пример за нова мода во светот на автомобилите, шефот за дизајн на француската марка го наведе концептот "Renault Embleme".


„Автомобилите тргнаа во друга насока, но "Embleme" најдобро го претставува она што е следниот чекор за "Renault" на глобално ниво. Тоа се форми кои не се премногу минималистички, но сепак поедноставни од она што беше применето на моделот "Scenic"“, рече Видал.


Тој во своето интервју се осврна и на караваните, велејќи дека тие можат да влијаат на дизајнот на некои идни модели.


Конкретно, тој истакна дека ниската линија на покривот, но големиот багажник има смисла кога се зборува за електрични автомобили, кои првенствено имаат за цел да ја балансираат практичноста и опсегот.