"BMW" пријави прекршување на санкциите поврзани со испорака на автомобили во Русија преку својата филијала во Хановер. По внатрешна истрага, германскиот гигант ги отпуштил вработените кои биле инволвирани во овој инцидент.
"Business Insider" пишува дека повеќе од 100 премиум автомобили биле нелегално испорачани од Германија до руските купувачи, и покрај сегашните санкции. "BMW" ја потврди испораката на автомобилите и нагласи дека се преземени мерки за да се спречат слични случаи во иднина, пренесува "Klix.ba".
Европската унија воведе санкции кон Русија на почетокот на 2022 година поради нејзината агресија врз Украина, а забранета е и трговијата со автомобили.
И покрај санкциите, автомобилите од германските марки "BMW", "Mercedes-Benz" и "Volkswagen" продолжуваат да се појавуваат во Русија благодарение на „сивиот“ увоз. Во август, новинарите на "ARD" открија дека нови автомобили од споменатите марки се достапни за продажба во Русија. Групацијата "BMW" изјави дека продолжува да се бори против овие нелегални испораки.