[ФОТО] Објавен службениот портрет на Меланија Трамп

Точка

28/01/2025

10:17

1.464

Големина на фонт

а а а

Објавен е официјалниот портрет на првата дама на САД, Меланија Трамп. Фотографијата ја направи белгиската фотографка Реџин Махаукс, која го фотографира семејството Трамп повеќе од 20 години.

Оваа фотографија настана на 21 јануари 2025 година. Реџин го направи и официјалниот портрет на Меланија Трамп во 2017 година. „Навистина ми е чест што повторно ме избраа да го снимам портретот. Како уметник, голема привилегија е да се работи со таква инспиративна жена. Таа е перфекционист“, рече фотографката за Би-би-си.


Сопругата на Доналд Трамп позираше потпрена на маса во Белата куќа. За таа прилика, таа носеше сако од Долче и Габана, кое може да купи по цена од речиси 3.000 долари (околу 2.870 евра).

Го привлече вниманието на инаугурацијата со нејзините модни избори

Потсетуваме, Меланија Трамп беше една од главните теми во светските медиуми по инаугурацијата на Доналд Трамп, каде го привлече вниманието со модните комбинации. Најпрво на церемонијата за полагање на свечената заклетва таа се појави во темносино палто.


Цената на тоа палто, според официјалниот сајт на брендот, е околу 4.186 евра. Изгледот Меланија го комплетираше со впечатлив шешир на американскиот дизајнер, Ерик Џавитс.


За вечерните инаугуративни балови, таа носеше црно-бел фустан, дизајниран од нејзиниот долгогодишен стилист, Ерве Пјер.

Меланија и Доналд неодамна ја прославија 20-годишнината од бракот

Меланија и Доналд неодамна ја прославија 20-годишнината од бракот. Тие се венчаа во 2005 година, по седумгодишна врска, а Меланија носеше луксузна венчаница од Диор во вредност од 100.000 долари, која ја потполни со дијамантски ѓердан. „Среќна 20-годишнина, Меланија“, напиша Трамп на Инстаграм под фотографија од нивната венчавка.


Трамп ја запроси Меланија во април 2004 година, подарувајќи ѝ дијамантски прстен од 12 карати вреден 2 милиони долари. Меланија веднаш се согласила, иако подоцна им призна на медиумите дека не го очекувала запросувањето, пренесе „People“.

Потсетуваме, Меланија се пресели во Њујорк во 1996 година. Таа доби можност да работи со престижни модни списанија, меѓу кои и „Vogue“ и „Vanity Fair“. Но, клучниот момент се случи во 1998 година, кога таа го запозна Доналд Трамп, тогаш етаблиран деловен магнат и медиумска личност.